Почетна

Програма

Резултати

Пријава

Награди


Почитувани пријатели на атлетиката,

На
19-ти март 2017 год. Атлетскиот клуб Работнички”  го организира 16-от Меморијален крос Методи Веновски - Мето.
Ни причинува посебно задоволство да Ве поканиме да учествувате на традиционалниот меморијален крос посветен на нашиот најуспешен атлетски тренер чиј живот прерано згасна. Почитта кон него на најубав начин ќе биде искажана ако со вашето учество придонесете за развојот на атлетиката и крос трчањето.

Кросот ќе се одржи на 19 март 2017 (недела), со почеток во
10.00 часот, на кејот на реката Вардар, кај мостот позади Забавниот парк.

Ве молиме за учество пријавете се на следниов линк најдоцна до 17 март.

Стартни броеви ќе добијат само учесниците во меморијалните трки. Стартните броеви ќе се подигаат од 9.30 до 10.30 часот на 19 март на местото на одржување на кросот.

За учество може да се пријават сите љубители на трчањето, без разлика дали сте член или не на некој атлетски клуб.
 

Помагатели:

Контакт: АК Работнички - Скопје, Сала на КК Работнички, Градски Парк
 тел/факс: 3228712, 070 246935 | Емаил: info@akrabotnicki.com

www.facebook.com/akrabotnicki